265
Хвича Кварацхелија минатото лето се пресели во Наполи од Динамо Батуми во зделка вредна околу 10 милиони евра и за кратко време се наметна како клучен играч во составот на Спалети.
Со своите добри партии, фудбалерот од Грузија го привлече вниманието на неколку клубови како Реал Мадрид, Манчестер Сити и Ливерпул.
Наполи не сака да остане без Хвича Кварацхелија па му нуди три пати поголема плата за да го обврзе до 2028 година.
Офанзивниот фудбалер во моментов заработува околу 1,1 милион евра по сезона а доколку стави потпис на нов договор, ќе има плата од 3 милиони евра, плус бонуси.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.