Наполи повторно гледа кон Манчестер Јунајтед во потрага по засилувања. По успешните потписи со Скот Мектоминеј и Расмус Хојлунд, тимот на Антонио Конте планира да направи уште еден трансфер од „Олд Трафорд“.
Како што објави „Газета дело спорт“, нова цел на неаполскиот клуб е младиот Коби Мејно. Дваесетгодишниот играч за врска е незадоволен од својот статус во Јунајтед, бидејќи сезонава одигра само седум натпревари, од кои на шест настапи влезе како резерва со минимална минутажа. Единствен пат кога беше стартер беше во дуелот со Гримсби во Лига купот во август.
Конте верува дека може да го убеди Мејно да се пресели во Италија, потпирајќи се на позитивното искуство на неговите поранешни соиграчи. Мектоминеј минатата сезона беше избран за најдобар играч во Серија А, а Хојлунд, кој пристигна летово, веќе има четири погодоци на седум настапи во сите натпреварувања.