Македонскиот фудбалер Марјан Радески донесе победа за Струга на гостувањето кај Шкендија (1-2) во првиот полуфинален меч од Купот на Македонија.
Сепак, по натпреварот во Тетово напаѓачот имал непријатно искуство. Имено, Радески бил нападнат од неколку лица при излегувањето од стадионот. Тоа го потврди и неговиот тим Струга, нагласувајќи дека ситуацијата никако не е поврзана со Шкендија.
„Би сакале да ги расчистиме сите дилеми околу инцидентот кога нашиот фудбалер Марјан Радески беше нападнат по мечот со Шкендија. Според она што фудбалерот го објаснил на официјалните лица, она што се случило воопшто не е поврзано со фудбалот, уште помалку со Шкендија или пак со фановите на тетовскиот клуб. Би сакале да се заблагодариме на Шкендија за добрата организација и секогаш добриот однос кон нашиот клуб“, напишаа од шампионот.