Наместо казна по поразот од Вулвс, фудбалерите на Ливерпул добија два дена одмор, Клоп го објасни необичниот потег

by
1 минути читање

Минатиот викенд,
„црвените“ имаа уште еден разочарувачки резултат во Премиерлигата, загубија со
3-0 на гостувањето кај Вулверхемптон, по кој заостануваат 11 бода зад местата
кои водат во Лигата на шампиони.

Ливерпул се мачи
со формата, па многумина би се решиле за екстра тренинг како казна, но Јирген
Клоп има поинакви размислувања и на фудбалерите им даде два дена слободни
(понеделник и вторник).

„Можеме да
тренираме секој ден, но нема да имаме многу корист од тоа. Игравме лошо против
Вулверхемптон, следниот ден дојдовме, направивме анализа, разговаравме еден со
друг и на момците им дадов два дена одмор“
– вели Клоп.

„Да, можевме во
неделата да имаме тренинг сесија за опоравување и потоа уште во понеделник да притиснеме
силно со тренинг, но немаше да имаме корист од тоа, ќе беше само полошо, ќе
придонесеше за нови повреди, ќе креираше проблеми“.

„Да бидам искрен,
откако разговаравме во неделата, мислев дека ќе имаме корист доколку не се
видиме два дена, и навистина беше така. Во неделата
, расположението ми беше така-така, а кога се вратив
располежението ми беше многу подобро. Имавме корист од сето ова“.

На Германецот во
корист му одеше и тоа што дуелот против Евертон е закажан за понеделник, па има
доволно време да ги подготви своите играчи за дербито на Мерсисајд.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани