146
Третиот ден на Светското првенство ќе започне уште во 12 часот со натпреварот меѓу Франција и Австралија, три часа подоцна Аргентина ќе игра со Исланд.
Од 18 часот се среќаваат Данска и Пери, а денот ќе заврши со дуелот меѓу Хрватска и Нигерија.
И во последното коло од групната фаза ќе има четири натпревари дневно, но во само два термина бидејќи дуелите од иста група треба да почнат во исто време. Па затоа денес е најдолгиот ден на Светското првенство.
Денешните натпревари на СП:
12:00 Франција – Австралија
15:00 Аргентина – Исланд
18:00 Перу – Данска
21:00 Хрватска – Нигерија