Популарниот
„Нинџа“ уште еднаш ја покажа лојалноста кон жолто-црвениот дрес и ги осви
срцата на навивачите на Рома.
„Го мразам
Јувентус, секогаш сум го мразел” – вели Раџа Наинголан.
„Кога играв во
Каљари, гинев на терен за да го победам Јуве, никогаш немам загубено на нивен
терен, со Каљари секогаш обезбедувавме реми”.
„Го освоиja
Скудетото против нас во Трст. Ги мразам бидејќи секогаш победуваат со пенал или
слободен удар”.
„Дојдов во Рома
за да освојам нешто против Јувентус, екипа која секoгаш добива помош.”
Репрезентативецот
на Белгија потоа на фановите им вети и победа против градскиот ривал Лацио во
полуфиналето на Купот на Италија.
„Ако не го
освоиме Скудетото, ќе триумфираме во Купот на Италија, сигурен сум”.
„Ќе ги добиеме
двата натпревари против Лацио, верувајте ми”.