Нагелсман „урлал“ по судиите и тргнал да се пресметува: Вие сте една банда на безрбетници!

by
1 минути читање

Баерн Минхен синоќа загуби со 3-2 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах, „баварците“ практично цел натпревар играа со играч помалку откако Упамекано доби црвен картон веќе во 8. минута.

По крајот на натпреварот, Јулијан Нагелсман беснеел во подтрибинскиот простор, се дерел „ова е смешно, дали ме зае*авате?“ и се упатил кон кабината на судиите со намера да се пресмета, наводно им се обратил со зборовите „вие сте една банда на безрбетници“.

На средбата со новинарите, тренерот објасни зошто Упамекано не требал да биде исклучен.

„Упамекано малку го допре Плеа по рамото. Рамото на Плеа не се помрдна ниту еден милиметар. Тоа не е црвен картон, никој не може да ме убеди дека ова е старт за исклучување. Би сакал судијата да излезе и да каже, „Да одлуката не беше лесна, беше деликатна“, но нема ништо. Секој може да погреши, тоа не е проблем. Јас си ги признавам грешките како тренер, па истото треба да го сторат и судиите“ – рече Јулијан Нагелсман.

На младиот стратег очигледно му станало јасно дека малку претерал, па на крајот се огласи на социјалните мрежи и се извини за своите постапки.

„Емоциите се дел од спортот, поради црвениот картон, малку урлав по крајот на натпреварот. Морам да му се извинам на господинот Тобијас Велц и неговиот тим за изборот на моите зборови. За жал, претерав“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×