Начо удри „банана“ и помина неказнето: Судијата или не ги знае правилата, или не сакаше да го исклучи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид и
Реал Сосиедад синоќа одиграа натпревар без голови, но средбата имаше неколку
контроверзни моменти.

Едниот се случи
во 76. минута, кога гостите тргнаа брзо да изведат аут а Начо во стил на кошаркр
му удри „банана“ на Иљараменди и го спречи во намерата.

Нејасно е како
судијата не му покажа жолт картон, што ќе значеше и исклучување откако
дефанзивецот претходно влезе во бележникот за опасен старт во првото полувреме.

„Ова е исто како кога
го соблекувате дресот при прослава на гол. Мора да се покаже жолт картон, нема
двоумење“
– вели поранешниот судија Итуралде Гонзалез.

„Или судијата не
ги знае правилата или пак не сакаше да го исклучи дефанзивецот на Реал Мадрид. Ова
е сериозен пропуст, Начо мораше да добие втор жолт картон“.

И самиот Начо по крајот
на натпреварот призна дека требал да биде исклучен.

„Ситуацијата беше
чудна, јасно е дека го спречив да изведе, но мислев дека аутот е за нас. Да,
требаше да добијам втор жолт картон и да бидам исклучен, но за среќа тоа не се
случи“
– рече дефанзивецот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×