Македонските екипи со резултатите во европските натпреварувања покажуваат кое е нивото на нашето првенство. Селекторот Милевски смета дека во Македонија нема можност за квалитетни натпревари во континуитет, нешто што треба да го имаат репрезентативците. Тој овојпат не повика ниту еден играч од домашното првенство.
„На списокот има 6 играчи од У21 репрезентацијата. Од македонското првенство нема ниту еден, затоа што мислам дека сите овие што е на списокот се во предност пред нив и во квалитет и во ритамот што играат. Ова мислам дека е најдориот избор. За да бидете во добра форма морате да имате континуитет од натпревари против квалитетн противници. Тоа во македонското првенство го нема, тоа е такво какво што е, и не би навлегувал во детали“, вели Милевски.