На сопругата на голманот на ПСЖ не ѝ беше дозоволено да внесе руско знаме, па еве како се снајде (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во вчерашното финале од Лигата на шампионите внимание привлече и сопругата на голманот на Пари Сен Жермен Матевеј Сафонов.

Рускиот голман зад себе има сезона од соништата, во која од резервна опција успеа да дојде до статус на еден од најважните играчи во тимот што ја освои Европа.

Покрај случувањата на теренот, внимание привлече и неговата сопруга Марина Кондратјук. Според информациите од медиумите на стадионот не ѝ било дозволено да внесе руско знаме, па таа пронашла креативно решение.

Користејќи бела, сина и црвена кеса, Кондратјук импровизирала знаме во боите на Русија, а фотографиите и видеата од нејзиниот потег брзо се проширија на социјалните мрежи и станаа вирални.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×