Роналдо поставил услов за продолжување на соработката со Ал Наср и бара поголема контрола околу трансферите
Кристијано Роналдо наводно поставил јасни услови пред раководството на Ал Наср доколку клубот сака да ја продолжи соработката со португалската ѕвезда.
Според информациите на медиумите, Роналдо бара спортскиот сектор на клубот, предводен од Симеу и Семедо, да добие целосна автономија и максимални овластувања кога станува збор за трансфер политиката.
Идејата на искусниот напаѓач, како што се наведува, е да се избегне евентуално мешање од страна на раководството кое би можело да го успори процесот на создавање конкурентен тим за новата сезона.
Ова барање е дел од пошироката стратегија за летниот преоден рок, со цел сите одлуки за ангажмани и заминувања на фудбалери да се носат врз основа на стручни проценки и потребите на екипата.