На повидок изненадување: Клоп е подготвен да преговара со Реал Мадрид?!

by Стефан
1 минути читање

Јирген Клоп наводно е подготвен да стане тренер на Реал Мадрид од каде што се очекува да замине Карло Анечлоти.

„Скај Спорт“ денеска ексклузивно објави дека Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид на 26-ти април, односно по натпреварот против Барселона во Купот на Шпанија.

Набрзо потоа се појави и информација дека Јирген Клоп може да го наследи. Германецот по заминувањето од Ливерпул одлучи да работи за нов шеф на фудбалот во Ред Бул, меѓутоа медиумите шпекулираат дека сака да се врати на тренерскаа работа.

Се пишува дека Клоп е отворен за понуда од Мадрид, но и од бразилската репрезентација.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Клоп е голема желба на Анчелоти и на германскиот стратег му дава предност во однос на Чаби Алонсо кој долго време се поврзува со „кралевите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани