Aктуелниот тренер на Реал Мадрид ќе го напушти кормилото на „кралевите“ по финалето на Копа дел Реј на 26 април, пренесува ексклузивно „Скај Спорт“.
Иднината на Анчелоти во Реал беше под знак прашалник по дебаклот во четвртфиналето од Лигата на шампионите каде што Реал Мадрид беше елиминиран од Арсенал со вкупни 5-1.
Реал беше апсолутно немоќен во одредени делови од двомечот и Перез сметал дека се потребни големи промени за „кралевите“ брзо да се вратат на победничките патеки.
Се очекува 65-годишниот стратег да остане на клупата до финалето на шпанскиот куп кој се игра во Севиља и потоа да замине.
Во финалето Реал ќе игра против Барселона која во овој момент е лидер и во Ла Лига со четири бода повеќе од Реал на седум кола пред крајот.