На повидок голем пресврт во ситуацијата на Влаховиќ

by Стефан
1 минути читање
По четири ипол години, приказната меѓу Јувентус и Душан Влаховиќ завршува.

Душан Влаховиќ и натаму е без клуб по истекот на договорот со Јувентус, но според последните информации, српскиот напаѓач не ја исклучува можноста и наредната сезона да игра во Торино.

Италијанскиот весник „Ла Стампа“ пишува дека Влаховиќ е подготвен повторно да седне на преговори со Јувентус, откако ги намалил своите финансиски барања. Наводно, тој веќе имал разговор со тренерот Лучано Спалети, кој би можел да има улога во обидот за повторно приближување на двете страни.

Иако од Јувентус претходно сметаа дека приказната со српскиот голгетер е завршена, откако тој ја одби последната понуда за продолжување на договорот, новите информации укажуваат дека ситуацијата сепак може да добие поинаков тек.

Во изминатиот период Влаховиќ бил понуден на неколку европски клубови, меѓу кои Барселона и Атлетико Мадрид, а интерес за неговиот потпис покажал и турскиот Бешикташ. Сепак, желбата на напаѓачот била да остане дел од највисокото европско фудбалско ниво.

Бидејќи досега не пристигнала конкретна понуда од Премиер лигата, иако со месеци беше поврзуван со англиски клубови, Влаховиќ сега наводно е подготвен повторно да ги разгледа опциите.

„Ла Стампа“ наведува дека во следните денови се очекуваат нови детали околу можниот договор. Главната пречка во претходните преговори била финансиската разлика, Влаховиќ сакаше да остане меѓу најплатените играчи на тимот, но неговите барања и понудата на Јувентус биле оддалечени најмалку два милиони евра годишно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×