Синоќа, „Франкфуртер
Алгемајне“ пренесе дека Барселона си подала рака со агентот на Лука Јовиќ и
постигнала договор со талентираниот Србин за преселба на Камп Ноу.
Но очигледно Реал
Мадрид нема лесно да се откаже од 21 годишниот напаѓач, па „кралевите“
доставиле конкретен предлог до Ајнтрахт. Според пишувањата на Билд,
шампионот на Европа понудил 45 милиони евра и се обидува да го украде
фудбалерот пред Барса.
Интересно,
Флорентино Перез со оваа сума веќе успеа да ја претекне Барселона до потписот
на двајца перспективни играчи. „Каталонците“ беа во пол позиција за новите бисери од Бразил, Винисиус
Жуниор и Родриго, но Реал го одврза ќесето и за 45 милиони евра најпрво си
продаде рака со Фламенго а потоа и со Сантош.
Винисиус минатото
лето пристигна на Бернабеу и полека прикажува дел од својот раскошен талент
додека пак Родриго теба да се пресели во Мадрид во јули оваа година, (Сантош побара да го заджи играчот до јануари 2020, но Реал се уште нема одговорено позитивно).
Дали сумата од 45
милиони евра ќе биде талична за Флорентино Перез и при трансферот на Лука Јовиќ
останува да се види.