На Милан му се лизна победата, Интер со гол во 93. минута дојде до заслужено реми (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Милан беше на работ на победа во градското дерби, но Интер заслужи да не загуби и успеа да се спаси од пораз со гол на Де Вриј во 93. минута.

Милан водеше од 45. минута кога Рејндерс во една мешаница најдобро се снајде и ја смести топката во мрежата на Интер за предност од 1-0.

Нероазурите на овој меч трипати ја погодија стативата, имаа и три поништени голови. Направија доволно за да не бидат поразени, а среќата им се насмеа во финишот.

Течеше 93. минута кога новото засилување Никола Залевски убаво со гради асистираше до Де Вриј, а овој погоди за конечни 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани