На Лукаку му дојде преку глава од гестикулациите на Барела: Е*и се, кучкин сине! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ромелу Лукако
синоќа доби шанса по месец дена да стартува во Серија А, но напаѓачот немаше
некој значителен учинок. И не само тоа, тој успеа да се најде во фокусот поради
една грда расправија со Николо Барела.

Во финишот на
првото полувреме, напаѓачот погреши при приемот на една топка, а Николо Барела
во свој стил почна да мафта со рацете и да искажува фрустрации.

На Ромелу Лукаку очигледно
му дојде преку глава, па почна да му вика на фудбалерот од средниот ред и да му
кажува дека треба да престане со гетикулациите.

„Не го прави тоа,
доста со рацете! Доста! Тоа е навредливо, престани“
– велеше Ромелу Лукаку.

Очигледно Николо
Барела му дофрли нешто, па напаѓачот на крајот рече: „Е*и се, кучкин сине!“.

По крајот на
натпреварот, Симоне Инзаги ја прокоментира оваа непријатна ситуација и се обиде
да ги смири страстите.

„Вакви работи знаат да се
случат на теренот и покрај тоа што не треба да се случуваат и никој не сака да ги
види. Двајцата се добри пријатели, на паузата седеа еден до друг
“ – рече тренерот
на Интер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×