На Јувентус му е преку глава од повредите на Погба, сакаат да се ослободат од него

by
1 минути читање

Погба се врати во Јуве откако му истече договорот со Манчестер јунајтед, но Французинот се уште не заиграл, цело време е во аут поради повреда.

Кога се чинеше дека повредата е минато и тој требаше да се врати, повторно заработи ситна повреда и го одложи враќањето на теренот.

Актуелниот договор на Погба со Јувентус трае до јуни 2026 година. Според „Газета дело Спорт“ во клубот размислуваат како да се ослободат од францускиот фудбалер бидејќи немаат никаква користи од него, само финансиска штета.

Јувентус прво ќе се обиде да го продаде, но ако нема кој да го купи, подготвени се да му го раскинат договорот.

И Алегри дал зелено светло, дал согласност за продажба на Погба.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани