Фудбалерите на Галатасарај и официјално се новите прваци на Турција! Истанбулскиот гигант доминираше низ целата сезона во Суперлигата и сосема заслужено го освои трофејот по победата од 3-0 над Кајсериспор во рамки на 34. коло.
Со оваа победа, Галатасарај и математички ја обезбеди шампионската титула, оставајќи го зад себе големиот ривал Фенербахче, кој и покрај победата од 2:1 и голот на босанскиот репрезентативец Един Џеко, остана со празни раце.
Фенербахче, предводен од славниот Жозе Мурињо, продолжува со „постот“ кој трае цели 11 години, премногу долго за клуб од таков калибар. Сепак, сезоната помина во знакот на Галатасарај, која беше подобар ривал во текот на целиот шампионат и на крајот сосема оправдано ја прослави својата нова титула.
Со оваа титула, Галатасарај сега има вкупно 25 шампионски круни во турската Суперлига (од нејзиното формирање во 1959 година), додека Фенербахче останува на 19.
İyiler sonunda mutlaka kazanır. 🦁
— Galatasaray SK (@GalatasaraySK) May 18, 2025
Türkiye’nin ilk ve tek 5 yıldızlı şampiyonu 𝐆𝐀𝐋𝐀𝐓𝐀𝐒𝐀𝐑𝐀𝐘! ⭐️⭐️⭐️⭐️⭐️#5YıldızlıŞampiyon pic.twitter.com/h2XiqOUbGC