На Ди Марија не му е гајле за поразот во финалето: Мундијалот за мене заврши со Англија

by Стефан
1 минути читање

Аргентинската фудбалска легенда Анхел Ди Марија привлече внимание со своите коментари за настапот на „гаучосите“ на последното Светско првенство.

Аргентина во финалето беше поразена од Шпанија со 1-0, со што Шпанците ја освоија втората светска титула во својата историја, Ди Марија истакна дека за него најважниот момент на турнирот бил претходно.

„За мене Светското првенство заврши со победата над Англија. Тој триумф донесе огромна радост за целата земја, речиси без оглед на тоа што подоцна се случи во финалето“, изјави Ди Марија.

Поранешниот аргентински репрезентативец во националниот тим остави длабока трага, настапувајќи на 145 натпревари и постигнувајќи 31 погодок.

Од репрезентацијата официјално се повлече во јули 2024 година, веднаш по освојувањето на титулата на Копа Америка, која се одржа во Соединетите Американски Држави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×