Чаби Алонсо дал зелено светло за продажба на Родриго, на тренерот не му се допаѓа тоа што Бразилецот нема мотивација на тренинзите, а и неговиот татко постојано се жали за ситуацијата.
Откако го наследи Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид, Чаби Алонсо порача дека смета на Родриго и дека му е потребен играч како Бразилецот.
Но месец дена подоцна, тренерот нема ништо против напаѓачот летово да биде продаден.
Како што пренесуваат медиумите, на Чаби Алонсо му пукнал филмот од однесувањето на Родриго, кој немал мотивација на тренинзите, како и тоа што неговиот татко Ерик Гоеш постојано се жали за ситуацијата (тоа што Родриго е во сенка на Мбапе, Винисиус и Белингем).
Чаби Алонсо сака играчи кои се целосно посветени и веруваат во проектот, па затоа дал зелено светло за продажба.
Останува да се види што ќе се случи со Родриго, за кого интерес пројавуваат неколку екипи во Премиерлигата.