На бугарскиот селектор му се допадна ждрепката

by
1 минути читање

Македонија ќе игра со Бугарија во Лигата на нации, а во групата се уште и Грузија и Гибралтар. 

Бугарскиот селектор Јасен Петров е задоволен од противниците кои ги доби.

„За мене, ждрепката е исклучително добра. Не треба да потцениме ниту еден од противниците, бидејќи не сме во таква позиција. Задоволни сме, нашата цел е да бидеме први во групата. Имаме почит за секој противник. Ќе играме четири натпревари едно по друго, што ќе биде предизвик за нас, но ние сме подготвени за се“, вели селекторот Петров.

Првите четири од шестте кола се играат во јуни, а останатите две во септември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×