Вест Хем игра променливо оваа сезона, на пониско ниво од минатата, па од време на време се слушаат гласини дека се тресе столчето на Билиќ.
Но, Билиќ особено по победата на гостувањето кај Саутемптон во саботата, со прилично голема самодоверба одговори на шпекулациите.
„Искрено не ми е јасно од каде доаѓаат тие приказни. Не сум менаџер ниту на Манчестер Сити ниту на Челси, а Вест Хем е во чудна позиција во која не се очекуваше да биде. Ако земеме во предвид дека го променивме стадионот, имаме многу повредени фудбалери и некои трансфери не се случија, можам да кажам дека јас и моите соработници одлично си ја вршиме работата. Одлично се носиме со проблемите“ – изјави Билиќ.
Вест Хем во моментов е на деветото место со 31 осовен бод. Тимот на Билиќ излезе од криза, па хрватскиот стратег може да биде мирен, барем засега.