На Ачелоти не му се веруваше и на крајот беше во право, Дон Карло ја доби опкладата со Феде Валверде

by
1 минути читање

Карло Анчелоти ја
доби опкладата со Феде Валверде, пред почетокот на сезоната, Италијанецот понуди
ризичен предизвик.

Тренерот на Реал
Мадрид не можел да поверува како најдобриот учинок на фудбалерот од средниот
ред е три гола во сезона па се обложи дека ќе ја искине лиценцата доколку
Уругваецот не постигигне барем десет погодока, односно три пати повеќе од најдобрата
сезона.

Популарниот Дон
Карло на крајот испадна во право, Феде Валверде на синоќешниот натпревар против
Ал Хилал во финалето на Светското клупско првенство два пати ја тресеше
противничката мрежа и стигна до бројката од 11 голови оваа сезона.

Кога го постигна
својот прв гол на натпреварот, Феде Валверде откако прослави со соиграчите, се
упати кон клупата и го прегрна Карло Анчелоти.

По крајот на натпреварот, стратегот со насмевка на лицето рече: „Мило ми е што нема да треба да одам во пензија“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×