Муслиу: Ваква шанса еднаш во животот се укажува

by
1 минути читање

Македонија е на еден меч до историски настап на Светско првенство, во вторник, „црвено-жолтите“ ќе излезат на мегдан со Португалија.

„Поминаа емоциите, Италија е историја и сега нашиот фокус е само на Португалија. Ваква шанса можеби еднаш во животот се укажува, па ќе мора да се потрудиме, да го дадеме најдоброто од себе и да се обидеме да испишеме нова историја“ – вели Висар Муслиу, кој одигра перфектен меч на „Ренцо Барбера“.

„Секој натпревар е различен од претходниот, знаеме што не чека, а тоа е многу тежок меч со огромен притисок и за нас и за нив“.

„На хартија Португалија е фаворит, знаеме со каков квалитет располагаат, но и Италија имаше квалитет, се работеше за европскиот шампион… но во Палермо се виде дека на терен се докажува квалитетот, и секој својата шанса и желба за победа“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×