Мурињо: Знаев многу за Диого, ништо не му беше дадено на тацна!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалскиот свет и денеска тагува по Диого Жота и неговиот брат кои животот го загубија во сообраќајна несреќа во Шпанија, а еден ден по трагедијата се огласи и Жозе Мурињо..

Португалскиот стратег се појави на патеката Силверстоун каде што в недела ќе се вози трката за Големата награда на Велика Британија, а во изјава за „Скај Спорт“ зборуваше за својот сонародник.

„Кога луѓето ќе го напуштат овој свет обично велиме „беше добар човек“; но Диого навистина беше таков. Имавме ист агент, па така бевме во блиска соработка и знаев многу за него. Тој е дете на кое ништо не му беше дадено на тацна, мораше да се бори за да стигне до таму каде што стигна. Беше еден од фудбалерите од оваа генерација кој не трчаше по слава, туку славата го пронајде него поради талентот кој го поседуваше.

„Ливерпул веќе го повлече дресот со број 20, па така верувам дека секогаш ќе биде присутен на „Енфилд“ и секогаш ќе биде дел од семејството на клубот“, порача Мурињо.

Како што потврдија португалските медиуми, погребот на Жота и неговиот брат ќе се одржи утре во нивното родно место Гондомар во Португалија кое се наоѓа на околу 30 километри од Порто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×