Мурињо и Реал ќе имаат комплетно нов последен ред, половина ќе биде од Интер?!

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува АС, Реал Мадрид ќе тргне во сериозна офанзива по потписот на Алесандро Бастони од Интер, кој треба да биде последното парче од мозаикот кога е во прашање засилување на дефанзивата.

Жозе Мурињо како приоритет ова лето на трансфер пазарот ја постави дефанзивата, па Реал Мадрид веќе му договори три засилувања за овој департман – Марк Кукуреља, Ибрахима Конате и Дензел Дамфрис.

Се очекува „специјалниот“ до почетокот на сезоната на располагање да има комплетно нов последен ред.

Како што пренесува АС, Реал Мадрид ќе тргне во сериозна офанзива по потписот на Алесандро Бастони.

Весникот вели дека изборот паднал на Италијанецот откако Нико Шлотербек заработи повреда на Светското првенство.

Алесандро Бастони, кој на почетокот од овој месец се поврзуваше со трансфер во Барселона, од прва рака знае дека е последно парче од мозаикот кога е во прашање засилувањето на дефанзивата на „кралевите“, но во исто време е свесен дека трансферот нема да се реализира во брзо време.

Односите помеѓу двата клуба се одлични, но Интер постави цена од 60-70 милиони евра, па ќе треба да се испеглаат доста работи за сите страни да бидат задоволни од зделката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×