Мурињо доби одлични вести: Се врати фудбалерот кој не тренира од март

by Стефан
0 минути читање

Реал Мадрид конечно доби убави вести кога станува збор за играчкиот кадар. Имено, по шест месеци на тренинг се појави и Бразилецот Родриго.

Родриго во март доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото, поради што мораше да оди и на операција, а го пропушти и Светското првенство.

Покрај Родриго, на тренинзите на Реал се појави и другиот Бразилец, Милитао, кој е многу блиску до враќање на теренот, како и левиот бек Ферлан Менди.

Ова се одлични вести за Реал Мадрид, кој по само седум одиграни кола веќе има шест бода заостанување зад Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×