Жозе Мурињо
призна дека евентуалното враќање во Реал Мадрид или Интер за него би
претставувало ‘голема чест’, а тој демантираше било каква можност за
враќање во Португалија.
Иако беше
поврзуван со клупата на Бенфика, Мурињо демантира такво нешто, тој доби отказ
од клупата на Манчестер јунајтед минатиот месец, а освен Бенфика, се споменуваа
и Реал Мадрид, како и Интер.
„Јас немам
никаква намера да се вратам во Португалија“ рече Мурињо во изјава за тв каналот
Корело да Мана.
„Бенфика не се
опција за мене, а враќањето во Реал Мадрид или Интер би било голема чест за
мене, но, во моментов само зборувам со вас на ова тема, и со никој друг“ додаде
Мурињо алудирајќи на тоа дека барем засега нема никави преговори со горе
споменатите екипи.
„Кога тренер или
фудбалер се враќаат во еден клуб, тоа значи дека тие направиле нешто позитивно
во тој клуб, така се чувствував кога се вратив во Челси, кога сте повикуван да
се вратите, тогаш знаете дека тие ја знаат вашата вредност“ заклучи
Португалецот.