67
32-годишниот германски фудбалер синоќа го имаше својот прв старт оваа сезона, одигра фантастично, постигна гол и беше прогласен за играч на мечот.
Мурињо потврди дека Швајни нема да биде продаден во јануарскиот преоден рок.
„Швајнштајгер останува, ќе биде додаден и во листата на играчи за Лига Европа бидејќи се отворија места по заминувањето на Депај и Шнајдерлин“ – вели Мурињо.
„Немаме многу играчи и немаме многу опции во средниот ред. Можеби 90 минути против Виган беа премногу за Бастијан, веројатно по 65-70 минута беше тешко за него, но мислам дека сега е среќен“.
„Тој беше добар професионалец кога не играше. Пред нас имаме многу натпревари па секако дека тој е опција“.