Мурињо со анализа на мечот на Олд Трафорд и стартот на Смолинг по кој потече крв од носот на Меси

by
1 минути читање

„Специјалниот“ за
Раша Тудеј направи анализа на мечот од Олд Трафорд, каде неговиот поранешен
клуб Манчестер јунајтед загуби со 0-1 во пресметката со Барселона.

„Мислам дека
двата тима пропуштија шанса. Двата тима не одиграа на потребното ниво. Па
доколку еден од нив беше подобар, во случајот на Барселона, тие уште сега
требаше да го решат патникот во полуфинале. Но не го сторија тоа, бидејќи со
1-0, се може да се случи на реваншот“
– вели Жозе Мурињо.

„Истото важи и за
Манчестер јунајтед… можеа да обезбедат поинаков резултат. Немаа ниту еден
удар во рамките на голот. Барселона имаше два или три“.

За дуелот на Крис
Смолинг и Лео Меси по кој потече крв од носот на Аргентинецот, Португалецот
вели: „Тоа не беше ништо, се случуваат вакви работи. Едноставно Смолинг е високо
момче со долги раце. Мислам дека немаше намера да го повреди Меси“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани