Мурињо смета дека Клоп има привилегии кај судиите: За мене правилата се поинакви

by
2 минути читање

Португалскиот стратег беше фрустриран по ремито со Хал. Во текот на мечот неколку пати му се жалеше на четвртиот судија за арбитражата, особено за стартовите на Омар Ниасе кој најмалку два пати избегна да добие втор жолт картон.

Мурињо бил опоменат од четвртиот судија дека доколку не седне на клупата ќе биде испратен на трибините, но такво нешто не добил Јирген Клоп на мечот против Челси.

„Не сакам да зборувам многу бидејќи плаќам многу казни“ – вели Мурињо кој два пати веќе беше исклучуван оваа сезона.

„Плаќам повеќе од другите, многу повеќе од другите. Пример синоќа судијата на еден тренер му рече „Ми се допаѓаат твоите емоции и бидејќи ми се допаѓаат, нема проблем““ – Мурињо алудира на Клоп.

„Мене ми беше кажано да седнам во спортивно ќе бидам пратен на трибините, беше слично и на теренот“.

„На судиите не им се допаѓаат моите емоции, и мислам дека не треба да зборувам за она што се случува оваа сезона“.

„Вие си ја работите вашата работа која е јавна. Кажете ја вистината таква каква што е. Доколку кажете дека Манчестер јунајтед во првото полувреме не играше добро, тогаш нека биде така, требаше да играме подобро во првиот дел отколку што игравме“ – Мурињо им се обрати на новинарите.

„Не ми поставувајте прашања кои не можам да ги одговорам. Многу добро знаете дека јас сум поинаков, правилата за мене се поразлични“.

„Поинаков сум во се, го гледав мојот тим како игра од хотел, не ми беше дозволено да одам на стадионот, мојот асистент имаше суспензија од шест натпревари а не допре никој“.

„Не постигнавме гол, не победивме. Многу од случувањата на теренот вечерва беа како дежа ву“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани