Не им го прифатија изборот за селектор, па Малдини и Леонардо си поднесоа оставки во сојузот на Италија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Паоло Малдини и Леонардо експресно се повлекоа од своите нови функции во Италијанската фудбалска федерација, само десет дена по назначувањето. Двајцата требаше да бидат клучни фигури во новиот проект, Малдини како технички директор, а Леонардо како советник, но несогласувањата со претседателот Џовани Малаго доведоа до брз распад на планот.

Главната причина за заминувањето е одлуката на Малаго да не го одобри назначувањето на Андреа Пирло за нов селектор на италијанската репрезентација. Првиот човек на федерацијата имал резерви поради наводните врски на Пирло со руски брендови.

Малдини и Леонардо инсистирале токму Пирло да ја преземе функцијата и не сакале да продолжат без него, па донеле одлука веднаш да се повлечат од проектот.

Ова значи нов удар за италијанскиот фудбал, кој повторно влегува во период на неизвесност околу изборот на селектор и долгорочната стратегија на репрезентацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×