Мурињо не сакал да го купи за 4 милиони евра во август, сега Солскјер ќе треба да плати дури 50 милиони?!

by
2 минути читање

Жозе Мурињо цело
лето бараше од лидерите на клубот да ја засилат одбраната, „специјалниот“ имаше
еден куп желби, но не пристигна ниту еден име. Португалецот можеби си замина,
но проблемот остана па Оле Гунар Солскјер ќе треба да му помогне на Ед
Вудворд да донесат соодветно засилување.

Сега во фокусот
се тројца фудбалери, Костас Манолас од Рома, Никола Миленковиќ од Фиорентина и Едер
Милитао
од Порто.

Последново име е
особено интересно за дел од медиумите, наводно Жозе Мурињо одбил да го купи во
август за само 4 милиони евра, а сега Солскјер и „ѓаволите“ ќе треба да одвојат
дури 50 милиони евра.

Но изминатово
лето медиумите ниту еднаш не пренесоа дека младиот Бразилец е на радарот на
Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед. За прв пат Едер Милитао беше поврзан со
трансфер на Олд Трафорд кон крајот на ноември и почетокот на декемви, кога со
серијата одлични партии во дресот на Порто, дефанзивецот го привлече вниманието
на голем број клубови, помеѓу кои и Ливерпул, Челси, Барселона и Реал Мадрид.

Едер Милитао важи
за еден од најперспективните млади играчи во Бразил и Порто го купи во август за
само 4 милиони евра бидејќи фудбалерот одби да го продолжи договорот со Сао
Пауло кој истекуваше во јануари 2019, па „триколорите“ се обидуваа да си
обезбедат што е можно подобра зделка за да не останат со празни раце.

Сао Пауло покрај сумата
од 4 милиони евра доби и клаузула која им гарантира 10% од следниот трансфер, па
доколлку Манчестер јунајтед или некој друг гигант ја активира откупната клаузула
на Едер Милитао овој месец, тие ќе инкасираат додатни 5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани