60
Мурињо му се извини на Хенрих Мхитарјан што го извади на полувремето иако фудбалерот имаше солидна партија.
„Не ми се допадна тоа што го направив, не беше фер, тој не заслужи да биде изваден. Играше добро, не играше лошо, имаше некои лоши моменти, но даваше добра динамика на тимот. Моето чувство беше дека Рашфорд нема да даде гол и поради тоа не сакав да губам време и одлучив да го ставам Лукаку и да жртвувам еден фудбалер, тоа беше Мхитарјан“, вели Мурињо.
„Но, тоа не е нешто што нормално го правам на полувремето, му се извинив на него пред сите други бидејќи не го заслужи тоа“.