Мурињо: Мојата иднина? Мојата иднина е утре

by
1 минути читање

Во последно време Мурињо често беше мета на шпекулации, се поврзуваше со ПСЖ, Челси и Интер иако неговиот договор со Рома е до 2024 година.

На вчерашната прес-конференција по повод натпреварот со Салцбург од Лига Европа, Мурињо беше прашан и за неговата иднина.

„На ден пред мече, најмалку што сакам да зборувам е за иднината, за мојата или за тимот. Ние треба да мислиме за утре, нокаут фаза. Во овој случај, иднината е утре. Не сакам да зборувам за мојата ситуација“, вели Мурињо.

Рома има негатива од 1-0 по првиот меч со Салцбург, римската волчица вечерва на Олимпико мора да победи за да се пласира во осминафиналето од Лига Европа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×