2,5K
Рома се трудеше и да дојде до сите три бода, од првата минута играше висок пресинг и се бореше за добар резултат. Сепак Наполи со гол на Симеоне во финишот дојде до трите бода.
Мурињо по натпреварот изјави дека е задоволен од играта на своите фудбалерите, тоа бил и најдобар меч на тимот оваа сезона од првата до последната минута.
Тој верува дека на прикажаната игра треба да се гради и во наредните натпревари тимот да покаже перформанси како во Неапол.
Португалецот по мечот објави фотка од соблекувалната и напиша: „Каков тим, каков дух, каков перформанс. Ајде одиме… се гледаме во среда на Олимпико“.
Во среда Рома го пречекува Кремонезе во меч од Купот на Италија.