498
Манчестер јунајтед уплати 15 милиони фунти на сметката на Жозе Мурињо, со што двете страни и правно го прекинаа својот однос.
Тоа значи дека Мурињо сега е слободен и може да потпише за друг клуб.
„Нема отворени прашања меѓу Мурињо и Манчестер јунајтед, се е решено. Жозе сега може да си бара друга работа, но нема да брза. Релаксиран е и со задоволство би чекал да крајот на сезоната ако треба за да најде нов ангажман“, изјавил извор близо до Мурињо за „Дејли Мејл“.
Една од опциите на Жозе Мурињо е враќање во Реал Мадрид кој не е во потребната форма под водство на Сантијаго Солари.