Мурињо денеска на преговори со Интер?

by
1 минути читање

„Теле Ломбардија“ информира дека Жозе Мурињо би можел да биде нов тренер на Интер.

Португалецот е во Милано, а за денеска има договорено ручек со новиот директор на Интер, Бепе Марота.

Се верува дека Лучијано Спалети наскоро би можел да добие отказ, притисокот врз него е се поголем особено по поразот на домашен терен од Болоња.

Трепението на директорите на Интер кон Спалети нема да биде големо бидејќи во моментов слободни тренери се Жозе Мурињо и Антонио Конте.

До неодамна се шпекулираше дека Конте е прв фаворит за тренерското столче во Интер, но денешниот состанок на Мурињо и Марота може да ги промени работите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани