107
Лукас Мура беше херој на Тотнем, тој постигна хет-трик во второто полувреме за голем пресврт и победа од 3-2 со која тимот од Северен Лондон го направи најголемиот успех во Лигата на шампионите.
Во микс зоната еден од новинарите му пријде на Мура и му покажа видео од неговиот последен погодок на натпреварот со бразилски коментатор кој полуде кога ја виде топката во мрежата.
Мура откако го изгледа видеото не можеше да ги сокрие емоциите и почна да плаче и со солзи во очите одговараше на прашањата: „Ова е најголемата ноќ во мојата кариера. Три гола во полуфиналето од Лигата на шампионите. Неверојатно. Ова е емотивен ден, Фудбалот е неверојатен затоа што ти дава вакви посебни моменти“.