Бајрами и Македонија Ѓорче Петров се разделија. Тренерот излезе со соопштение и ја образложи својата одлука.
„Драги пријатели, сакам да ве информирам дека од денеска, по период од 18 месеци, повеќе не сум тренер на Македонија Ѓорче Петрови. Сето ова доаѓа по заедничкиот договор со клупското раководство.
Изминативе 18 месеци поминав еден од најубавите периоди во мојот живот, каде заедно успеавме да го освоиме купот на Македонија, враќајќи го во Ѓорче Петров по 16 години. Во купот сме во игра да го освоиме и оваа сезона бидејќи сме една од четирите полуфинални екипи. Во овој период имавме доста добри настапи во изминатото првенство, а во тековната сезона работите не одеа како што сакав и посакував, за тоа решив дека засега најголемата помош што може да се направи за клубот е да го ослободам тренерското место.
Оваа објава ја користам да им се заблагодарам на сите за коректната соработка во овој период, почнувајќи од раководството продолжувајќи со стручниот штаб со кој соработував во овој период, лекарскиот тим, како и секако, играчите, кои се најзаслужни за големиот успех, куп трофејот освоен минатата сезона.
Горд сум на мојата работа и сите успеси со Македонија Ѓорче Петров во овој период и на екипата и посакувам многу среќа и успеси во актуелната сезона и иднина“, стои во соопштението на Муарем Бајрам.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.