Искусниот бек, Томас Мение најотворено го критикува начинот на кој функционира трансфер пазарот, вели дека нема никаква логика во сумите кои се плаќаат.
Во последните неколку години, цените на играчите нагло пораснаа, се плаќаат суми од кои боли глава.
За „напумпаните“ цени има замерки од сите страни, а свое мислење сега даде искусниот Томас Муние, кој оваа сезона реши да се испроба во Премиерлигата.
Тој својата критика ја даде откако доби прашање за Ајуб Буади, 18 годишниот Мароканец кој направи трансфер во Манчестер Сити вреден околу 100 милиони евра.
Белгиецот добро го познава Ајуб Буади, двајцата беа соиграчи во Лил. И додека тој не ги оспорува квалитетот на фудбалерот од средниот ред, смета дека трансфер пазарот одамна ја изгубил логиката.
„Ајуб е неверојатен“ – вели Томас Муние. „Но не треба да зборуваме за пари, бидејќи веќе нема никаква логика“.
Десниот бек потоа со една реченица можеби најдобро го опиша хаосот со трансфер сумите: „Можете да купите магаре за 200 милиони, а многу добар фудбалер за 20 милиони. Повеќе ништо нема смисла“.
ФОТО: X/Manchester City