116
Килијан Мбапе се искачи на врвот на листата на најдобри стрелци во Европа со 31 гол и 62 поени, симнувајќи го Виктор Ѓокереш од Спортинг, кој има 39 гола, но поради понизок коефициент на португалската лига собра 58.5 поени.
Единствен што може да го стигне е Мохамед Салах, кој има 28 гола и 56 поени – доколку постигне хет-трик против Кристал Палас во последното коло, ќе се израмни со Французинот.
Најдобрите тројца стрелци во Европа:
- Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 31 гол – 62 поени
- Виктор Ѓокереш (Спортинг) – 39 голови – 58.5 поени
- Мохамед Салах (Ливерпул) – 28 голови – 56 поени
Од наведените само уште Салах има натпревар за одигрување, а останатите веќе ја завршија сезоната.