Може да биде еден од најважните за Арсенал сезонава, но не смее да влегува во соблекувалната

by Стефан
1 минути читање

Aрсенал сезонава не доведе напаѓач и тоа е голем проблем за тимот бидејќи „топџиите“ останаа и без Габриел Жесус.

Беа „топџиите“ во потрага по квалитетен фудбалер на оваа позиција, но на крајот одлучија решението да го побараат во своите редови.

Така еден од најважните во сезоната може да биде Етан Енвавери. Станува збор за момче кое има само 17 години, а Артета откри дека тој се уште нема дозволува да влегува во соблекувалната со остатокот од сениорскиот тим.

„Етан и понатаму не може да биде во нашата соблекувалана, тоа за него е забрането. Мора да се пресоблекуван а друго место, дури и на денот на натпреварот“, изјави Артета.

Иако по природа Енвавери е крило, Артета смета дека може да игра и како напаѓач.

„Доволно сме флексибилни во нападот. Тросар може да игра таму, Рахим, Етан…Може и Мартинели. Ќе се обидеме со нешто друго“, објасни шпанскиот стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани