Мората во дилема

by
2 минути читање

Според пишувањата
на АС, Алваро Мората е загрижен за својата ситуација на Сантијаго Бернабеу.

Напаѓачот
минатото лето се врати во Реал по две добри сезони во Јувентус, но добива мала
минутажа и тој не го крие незадоволството.

„Среќен сум во Мадрид и сакам да успеам тука, но сакам да играм
повеќе
– вели Шпанецот
во разговор со Кориере дело Спорт.

И покрај тоа што
Карим Бензема игра во лоша форма, Французинот еден месец нема постигнато гол,
Зинедин Зидан и клубот и понатаму му даваат поддршка на репрезентативецот на „Триколорите“. Реал Мадрид дури
подготвува и нов договор за Карим Бензема.

Па доколку
ситуацијата не се промени, Алваро Мората летоска сериозно ќе ја разгледа
опцијата да замине од Реал Мадрид.

АС вели дека прва
цел на напаѓачот е да остане на Бернабеу, па Мората нема да се откаже, ќе го
даде максимумот и ќе се обиде да ја искористи секоја шанса што ќе му биде
укажана.

Тоа веќе го стори
на дуелот со Реал Сосиедад на Бернабеу, влезе на местото на Бензема во второто полувреме
и постигна гол во победата од 3-0.

Но доколку стане јасно
дека нема иднина во Реал, ќе мора среќата да си ја побара на друго место и
според АС, играчот сигурно ќе добие неколку примамливи понуди од Премиерлигата.

Неколку клубови подолго време го следат играчот, а Челси и Арсенал
се посочуваат како идни можни дестинации на репрезентативецот на „Црвената
Фурија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани