Мората: Сонував да играм за Атлетико уште од периодот кога бев собирач на топки

by
1 минути читање

Алваро Мората ги
засили редовите на Атлетико Мадрид, каде во наредните 18 месеци ќе игра како
позајмен од Челси, ова за него е враќање во клубот каде ги имаше своите
почетоци со фудбалската топка.

26 годишниот
напаѓач вели дека е среќен со тоа што му се остварил сонот, за што вели дека
уште од мали нозе го сонувал.

Дури од кога бев
собирач на топки за овој клуб, сонував еден ден да заиграм во првиот состав на
оваа екипа
“ рече Мората.

Секогаш моравме
да доаѓаме два часа пред натпреварите, се сеќавам како чекав трпеливо пред
влезот на стадионот со мојот татко, тоа се неверојатни сеќавања кои никогаш
нема да ги заборавам
“ додаде напаѓачот.

Се гордеам со
тоа што дојдов тука, го знам клубот, стадионот, дресовите, играчите… ова е
навистина среќен момент за мене, со нетрпение чекам да ја добијам првата
прилика
“ заклучи Мората.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани