97
По враќањето од Јувентус, Алваро Мората не успева да се избори за стартна позиција во Реал Мадрид па во летниот преоден рок повторно ќе го напушти Сантијаго Бернабеу.
Гласни се шпекулациите дека тој ќе биде нов напаѓач на Челси и ќе дојде како замена за Диего Коста кој ќе ја продолжи кариерата во Кина.
Според Телеграф, Мората им соопштил на пријателите дека следната сезона ќе игра во Лондон и најверојатно ќе го носи дресот на Челси.
Интерес за него има и од Арсенал, но многу реални се шансите Венгер да загуби уште една трка по одреден фудбалер.
Челси веќе имал разговори со Мората и тоа што му го нудат е повеќе од она што може да му го понуди Арсенал кој не се расфрла многу кога се во прашање платите на фудбалерите.