747
Манчестер Сити направи промени на листата со фудбалери пријавени за настап во Лигата на шампиони, од засилувањата кои пристигнаа оваа зима, извиси Витор Реис.
Клубовите имаа можност до вчера на полноќ да направат промени на листата со фудбалери пријавени за настап во Лигата на шампионите.
УЕФА дозволува максимум три промени, па Манчестер Сити мораше да шкртне едно од скапо платените засилувања во јануари.
„Граѓаните“ на крајот решија тоа да биде Витор Реис, за кого беа инвестирани околу 35 милиони евра, а на списокот да бидат вметнати Мармуш, Нико Гонзалез и Хусанов.
На списокот остана Родри, кој заработи тешка повреда на почетокот од сезоната и големи се шансите да го пропушти преостанатиот дел.