Монтела му ја посвети победата на Берлускони

by
1 минути читање

Кинезите полека го комплетираат купувањето на Милан, и во наредните неколку дена се очекува целосно да го преземат клубот.

Милан синоќа оствари значајна победа над Фиорентина од 2-1, па Монтела му го посвети триумфот на Берлускони.

„Тимот, стручниот штаб и јас сакаме да му ја посветиме оваа победа на претседателот Силвио Берлускони“ – изјави Монтела.

„Не знаеме дали ова беше негов последен натпревар на Сан Сиро, но навистина сакаме нему да му ја посветиме победата“.

„Со овие три бода ја продолжуваме трката за место кое води во Лига Европа, имаме подобар меѓусебен дуел од нашите директни ривали Фиорентина и Лацио“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани