Тренерот на Милан
имаше мала расправија со Карлос Бака откако напаѓачот нервозно реагираше на
одлуката да биде повлечен од игра на дуелот со Сампдорија изминатиов викенд.
Карлос Бака вчера
призна дека погрешил, се извини за својата постапка, и најави дека ќе ги однесе
соиграчите на вечера поради тоа што го нарушил тимскиот дух.
На оваа тема сега
се огласи и Винченцо Монтела, стратегот вели дека го расчистил недоразбирањето со Карлос Бака и напаѓачот ќе биде дел од составот на „Росонерите“.
„Го расчистивме
недоразбирањето” – вели
тренерот на Милан. „Тој самиот сфати дека малку претера и се извини”.
„Рече дека ќе го
однесе тимот на вечерва, па чекам да видам дали тоа ќе биде елитен ресторан или
пицерија”.
„Во зависност од
тоа каде ќе не однесе, ќе размислам дали да го вратам во стартниот состав”!